свет

Јапонија: Абе ги освои гласовите од партијата, добива мандат за уште 3 години

Шинзо Абе обезбеди 553 од вкупно 807 гласови. Неговиот ривал, поранешниот министер за одбрана, Шигеру Ишиба, собра 181 глас

Nilay Kar  | 20.09.2018 - Обновена : 20.09.2018
Јапонија: Абе ги освои гласовите од партијата, добива мандат за уште 3 години

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонскиот премиер, Шинзо Абе, денес е повторно избран за претседател на владејачката Либерална демократска партија, поплочувајќи го патот да стане премиер со најдолг мандат во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).

Според јапонската новинска агенција „Кјодо“ (Kyodo), со реизборот се продолжува неговиот мандат како премиер за уште три години.

Тој обезбеди 553 од вкупно 807 гласови. Неговиот ривал, поранешниот министер за одбрана, Шигеру Ишиба, собра 181 глас.

Во своето обраќање по добивањето на својот трет последователен мандат, Абе изјави: „Сега е време да се позанимаваме со ревизијата на Уставот“.

„Да работиме заедно за да создадеме нова нација за доброто на народот“, додаде тој.

Новинската агенција „Кјодо“ објави дека Абе би можел да го надмине и рекордот на Таро Кацура, со 2.886 дена во Кабинетот.

Кацура беше премиер на земјата во раните 1900-ти.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.