Şerife Çetin
02 Март 2018•Ажурирај: 03 Март 2018
БРИСЕЛ (АА) - Изјавите на рускиот претседател Владимир Путин за време на годишното обраќање пред пратениците на двата дома на парламентот, НАТО ги смета за неприфатливи и штетни, јавува Anadolu Agency (AA).
Путин во обраќањето изјави дека Русија поседува ново оружје какво до сега нема ниту една друга земја во светот.
Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, соопшти дека ги забележиле изјавите на рускиот претседател од 1 март.
„Заканувачките изјави на Русија, членките на НАТО ги сметаат за неприфатливи и штетни“, истакна Лунгеску потсетувајќи дека неколку пати повториле дека противракетниот систем на НАТО не е насочен против Русија.
„Не сакаме нова Студена војна или нова трка во вооружување“, порача Лунгеску.
Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека Русија тестирала нуклеарно оружје, вклучувајќи крстаречка ракета на нуклеарен погон и подводен дрон, кој е имун на непријателско пресретнување.
Во обраќањето до нацијата, Путин нагласи дека крстаречката ракета на нуклеарен погон, која е тестирана минатата есен, има неограничен домет и голема брзина, и е во состојба да пробие било кој ракетен одбранбен систем.
Тој додаде дека брзиот подводен дрон на нуклеарен погон, кој носи нуклеарни боеви глави, може да има за цел и носачи на авион и крајбрежни објекти.
Путин изјави дека Русија тестираала и нова тешка интерконтинентална балистичка ракета, наречена „Сармат“ (Sarmat), со домет и број на боеви глави поголеми во однос на претходната.