Aldıjana Hadzıc
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
САРАЕВО (АА) – Меѓу историските настани кои се случиле на денешен ден, препорачуваме:
1794 - За јавноста е отворен парискиот музеј Лувр. Иако службеното отворање беше во август 1793 година, обичните луѓе пристап до музејот имаа само три дена во неделата.
1845 - Мексико ги прекина дипломатските односи со САД.
1854 – За време на Кримската војна, Велика Британија и Франција ѝ објавија војна на Русија.
1866 - Првата итна медицинска помош почна да ги пружа своите услуги.
1868 - Роден е рускиот писател Максим Горки, авторот на делата „Малограѓани”, „Мајка”, како и многу други.
1891 - Одржан е првиот светски натпревар во дигање тегови. На натпреварот одржан во Лондон учевствуваа седум натпреварувачи од шест земји. Победник беше Е. Лоренс Леви.
1930 -Константинопол е преименуван во Истанбул, Ангора во Анкара.
1939 - Заврши шпанската граѓанска војна. Траеше три години а беше водена од страна на левичарските групи против десничарските бунтовници, предводени од Франциско Франко.
1986 - Родена е пејачката Стефани Џоан Ангелина Германота, позната како Лејди Гага.
1994 - Во Франција почина писателот и драматичар Еуген Лонеско, автор на делото „Ќелава пејачка”.