Dmitri Chirciu
05 Февруари 2019•Ажурирај: 06 Февруари 2019
МОСКВА (АА) - Повеќе од 30.000 лица беа евакуирани од некои трговски центри, училишта, универзитети, болници и јавни институции поради аларм за бомба во Москва, главниот град на Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според веста на руската новинска агенција која се заснова на безбедносни извори, добиена е анонимна дојава дека ќе бидат кренати во воздух 130 згради во центарот на Москва, вклучувајќи трговски центри, училишта, универзитети, болници и некои јавни институции.
Се соопштува дека по пријавата добиена преку електронска пошта, од зградите биле евакуирани над 30.000 луѓе и дека полицијата спроведува истрага.
Во соопштението се наведува дека електронската пошта пристигнала од ИП-адреса која потекнува од странска земја.