Ekipa
07 Март 2016•Ажурирај: 08 Март 2016
БРИСЕЛ (АА) - Германската канцеларка Ангела Меркел, изјави дека очекува „тешки преговори” на Самитот на лидери на Европската унија (ЕУ) и Турција, кој започна денес во Брисел, пренесува Anadolu Agency (AA).
Истакна дека целта на состанокот е намалување на приливот на илегални мигранти „не само за некои, туку за сите земји, меѓу кои и Грција”.
Постои, како што нагласи, потреба од „одржливо решение” кое вклучува заштита на границата на земјите од ЕУ и додаде дека такво нешто може да биде изводливо единствено во соработка со Турција.
Изрази надеж дека ќе се направи „чекор напред”, но дека таквиот чекор ќе бара „тешки преговори”.