Mümin Altaş
06 Ноември 2017•Ажурирај: 06 Ноември 2017
АНКАРА (АА) - Во акциите на припадниците на безбедносните сили на Турција, изведени во текот на минатата недела, неутрализирани се 80 терористи, од нив 68 се убиени, шест се приведени, додека шест се предадоа, јавува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за внатрешни работи соопшти дека од 30 октомври до 6 ноември биле извршени 1.476 акции.
Приведени се 974 припадници на терористичките организации ПКК, ДЕАШ, ФЕТО/ПДЈ и припадници на левичарските терористички организации.
Во акциите изведени во Дијарбакир уништени се 26 засолништа, во Битлис десет, во Тунџели осум, во Мардин две засолништа и во Ерзинџан едно.
Во акциите запленети се 36 парчиња оружје, 637 килограми материјал што се користи за изработка на експлозиви, 16 рачни бомби, 1.572 парчиња муниција, 18 експлозиви и мини.
Во 2.508 акции изведени во 77 градови низ цела Турција запленети се, меѓу другото, 1.263 килограми марихуана, 237 килограми хероин, 9.612 стебла индиски коноп како и поголемо количество други наркотици.
Во текот на борбата против илегалните миграции фатени се 3.670 мигранти, од кои 943 на море, во обид илегално да ја преминат границата. Приведени се 135 организатори на илегални преминувања.