Ekipa
16 Април 2017•Ажурирај: 17 Април 2017
СЕУЛ (АА) - Американскиот претседател Мајк Пенс, во рамките на десетдневната посета на Азија допатува во Јужна Кореја, во екот на тензиите поради нуклеарната програма на Северна Кореја, јавува Anadolu Agency (AA).
Заменикот на Доналд Трамп допатува во Сеул по новото неуспешно севернокорејско лансирање на ракета во близина на Синпа, на источниот брег, и еден ден откако Северна Кореја со воена парада го прослави раѓањето на нејзиниот основач Ким Ил Сунг.
Пенс, кој е син на ветеран од Корејската војна, во Сеул пристигна во придружба на својата сопруга и двете ќерки, а во рамките на посетата ќе положи венец на Националните гробишта во Сеул, и ќе им се придружи на американските и јужнокорејските војници на велигденската миса и на свечената вечера.
Неговата посета на Јужна Кореја се толкува како знак на поддршка на американските сојузници во околностите на растечките тензии поради севернокорејската програма за вооружување.