Mustafa Hatipoğlu
07 Мај 2016•Ажурирај: 07 Мај 2016
САРАЕВО (AA) - Кандидатот на лабуристичката партија Садик Кан е новиот градоначалник на Лондон, со што стана првиот муслиман кој тоа го оствари во британската престолнина, пренесува Anadolu Agency (AA).
Кан во трката за градоначелник на британската престолнина го победи конзервативецот Зак Голдсмит,по речиси завршеното пребројување на гласачките ливчиња.
Британските медиуми наведуваат дека Кан доби 45 отсто гласови, наспроти 36 отсто гласови кои ги доби Голдсмит, а пресудна беше поддршката на левите Либерални демократи и зелената партија.
Кан е кандидат од исламска вероисповед по потекло Пакистанец. Тој ќе го наследи Борис Џонсон кој беше градоначалник на Лондон од 2008 година.
Поддржувачите на Кан на социјалните мрежи веќе почнаа да му упатуваат честитки на новиот градоначелник.