Zülfiya Yakup
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовската полиција утринава го уапси Глаук Коњуфца, пратеник од опозиционото Движење „Самоопределување”, во продолжение на акцијата за апсење на припадници на таа партија започната синоќа, јавува Anadolu Agency (AA).
Полицијата синоќа го уапси и портпаролот на „Самоопределување”, Фрашер Красниќи, по налог на Основниот суд во Приштина. Заедно со Коњуфца и Красниќи, уште 25 активисти на движењето обвинети се дека оштетиле возила на ЕУЛЕКС пред шест години.
Од Движењето „Самоопределување” оценето е дека ова е апсење пред протестот во организација на опозицијата, кој е закажан за 17-ти февруари, Денот на независноста на Косово, со што, како што оценуваат, се продолжува со обидите да се запре и ослаби протестот.
„Овие напади и прогон кој се случува секогаш кога опозицијата се подготвува да се спротивстави, немаат ефект. Опозицијата нема да застане и протестот ќе биде величенствен”, се соопштува од Движењето.