Zülfiya Yakup
16 Февруари 2016•Ажурирај: 17 Февруари 2016
ПРИШТИНА (АА) - Претседателката на Косово, Атифете Јахјага, денес во Приштина се сретна со сенаторот Боб Коркер, претседавач со Комитетот за надворешни односи на американскиот Сенат, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателката на Косово Јахјага и сенаторот Коркер разговараа за актуелните случувања во Косово и во регионот, европската и евроатланска интеграција на Косово, регионалната соработка и продлабочувањето на односите помеѓу Косово и Соединетите Американски Држави, се соопштува од Кабинетот на претседателката на Косово.
Јахјага му се заблагодари на Коркер и на американскиот Конгрес за постојаната поддршка во развојот на демократијата во Косово. Претседателката нагласи дека Косово ја консолидира својата внатрешна демократија и своето меѓународно претставување и останува фактор на мирот, стабилноста и добрососедските односи со сите земји од регионот.
Таа рече дека Косово е заедничка успешна приказна на неговите институции и граѓани како и меѓународната заедница и високо ја оцени посветеноста на САД и Конгресот кон Балканот и евроатланската интеграција на земјите од овој регион.