Zülfiya Yakup
19 Мај 2016•Ажурирај: 19 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение пред Одделот за сериозни кривични дела во Општинскиот суд во Приштина против дваесет осомничени за организиран криминал, заедно со кривичното дело криумчарење на мигранти, пренесува Anadolu Agency (АА).
Наводното кривично дело го опфаќа периодот од 2011 до 2014 година, а се однесува на продажба на Шенген визи за ЕУ преку корупција и лажно преставување, соопштуваат од Специјалното обвинителство.
Обвинението го покрена меѓународен обвинител од Канцеларијата на специјалното обвинителство, откако истрагата ја покрена истражната единица на Граничната полиција на Косово, која понатаму беше заеднички спроведена со полицијата на ЕУЛЕКС.
Косовските медиуми пренесуваат дека меѓу обвинетите е и Ук Ругова, син на поранешниот претседател на Косово Ибрахим Ругова и поранешниот министер за култура, Астрит Хараки како и тоа дека организираната група „Ругова” се сомничи дека за една италијанска виза заработувале од 2700-3500 евра.