Agon Fehmiu
25 Март 2016•Ажурирај: 26 Март 2016
ПРИШТИНА (АА) - Трите опозициски партии одлучија да го откажат сенародниот протест закажан за утре, изјави лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК), Рамуш Харадинај, на заедничката прес-конференција со лидерите на Самоопределување и Иницијатива за Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
На итната прес-конференција, која се одржа на плоштадот Скендербег, Харадинај рече дека одлуката за одложување на протестот на неодредено време беше донесена со согласност на сите опозициски партии и поради фактот што Косово се соочува со тешки денови.
Кратко се обрати и лидерот на Иницијативата за Косово, Фатмир Лимај, кој само рече дека „опозицијата ќе продолжи со протестите додека не ја постигне својата цел”.