Admir Fazlagikj
06 Септември 2016•Ажурирај: 07 Септември 2016
СКОПЈЕ (АА) - Во околината на Скопје се сруши комерцијален авион со шест патници, сите странски државјани, соопштија од Министерството за внатрешни работи на Македонија, јавува Anadolu Аgency (AA).
Министерството потврди дека исчезнатитот авион е пронајден во близина на селото Кожле, на 6 километри од Катланово, Скопско.
Во авионот имало 6 лица од кои 4 италијански а двајца косовски државјани. Крајната дестинација на авионот била Приштина, изјави за АА портпаролката на МВР Дејана Недељковиќ, повикувајќи се на информациите од Бирото за јавна безбедност.
Екипите на полицијата и медицинскиот персонал се на местото на настанот. Тие велат дека не можат да дадат никакви информации и дека јавноста ќе биде благовремено информирана.
Некои од селаните велат дека слушнале одредени звуци, но дека не знаеле за што станува збор. Кога пристигнале полицијата и медицинските екипи соопштено им е дека се бара исчезнат авион.
Претходно, Министерството за внатрешни работи потврди дека денес, во 17:40 минути, во близина ка Катланово, изгубен е сигнал на авион со германски ознаки кој што извршувал комерцијални активности, а кој полетал од Тревизо, Италија.
Авионот во Македонија бил уредно пријавен за дополнување на гориво.