Halil Demir
11 Април 2018•Ажурирај: 11 Април 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акција против терористичката организација ДЕАШ спроведена во Истанбул, беа притворени 15 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите на Одделот за тероризам спроведоа акција за притворање лица осомничени за поврзаност со ДЕАШ и за подготовка на терористички активности.
Беше извршен претрес на десетина адреси во осум подрачја, при што беше запленето големо количество документи и дигитален материјал.
Во тек е процесуирањето на осомничените.