Ekipa
10 Декември 2017•Ажурирај: 10 Декември 2017
КУДС (АА) - Екстремно десничарска организација Хејкел од Израел, која е позната по својот фанатизам, ги повика евреите да извршат „масовен притисок” врз Ал Акса, пренесува Anadolu Agency (AA).
Палестинската официјална новинска агенција ВАФА, објави вест во која неведува дека екстремно десничарската израелска организација Хејкел ги повикува евреите вечерва да дојдат пред Лавјата порта на комплексот Ал Акса со цел да се направи масовен притисок за да се „отворат и останатите врати и да се зголеми престојот во тој простор”.
Организацијата Хејкел во Израел официјално работи на активностите да го урне комплексот Ал Акса и планира на негово место да го изгради Храмот на Соломон.
Фанатичните еврејски доселеници често прават притисок во дворот на комплексот Ал Акса, кој е под заштита на израелската полиција.