Admir Fazlagic
05 Април 2017•Ажурирај: 06 Април 2017
СКОПЈЕ (АА) – По повод 97. годишнината од основањето на Турската државна новинска агенција Anadolu Agency (AA), претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, упати честитка во која ја истакна важноста на постоењето на агенцијата.
Во честитката, претседателот Иванов наведува дека му претставува големо задоволство да ја честита 97.годишнината од постоењето на Турската државна новинска агенција Anadolu Agency.
Според претседателот Иванов, со основањето во 1920 година, новинската агенција Anadolu Agency преставува еден од темелите на модерната турска држава. Претседателот Иванов истакнува дека со својата мрежа на дописништва на неколку континенти, Anadolu Agency се вбројува меѓу водечките светски новински агенции.
„Отворањето на регионалното претставништво во Скопје во 2015 година и емитувањето на вести на македонски јазик се потврда за искреното пријателство и меѓусебна поддршка меѓу Република Македонија и Република Турција”, истакнува претседателот Иванов во својата честитка до Anadolu Agency.
На крајот од честитката, претседателот на Република Македонија, Иванов, посакува успех во понатамошната работа на АА.
„Би сакал уште еднаш да Ви ја честитам годишнината од формирањето на вашата новинска агенција и да Ви посакам и во иднина да продолжите да придонесувате во збогатувањето на медиумската понуда и да продолжите да бидете пример со вашата професионалност. Со искрени желби за понатамошна успешна работа”, стои во честитката.