Admir Fazlagic
01 Февруари 2017•Ажурирај: 01 Февруари 2017
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ги започна поединечни средби со лидерите политичките партии, на кои ќе се разговара за актуелната политичка состојба, јавува Anadolu Agency (AA).
Со првата средба во 12:00 часот со претседателот на „БЕСА“ Билал Касами, претседателот Ѓорѓе Иванов ги започна вчера најавените поедниечни средби со лидерите на политичките партии. По средбата со Касами, во 13:00 часот е средбата со претставници на „Алијанса за Албанците“, во 14:30 часот со претседателот на ДУИ Али Ахмети, во 16:00 часот со претседателот на СДСМ Зоран Заев, а во 17:30 часот со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Консултациите на претседателот на Република Македонија со парламентарните политички партии, следуваат по средбата на претседателот Иванов со претседателот на Уставниот суд, Никола Ивановски и по средбата со шефот на делегацијата на ЕУ во Република Македонија, Самуел Жбогар.
Инаку, претседателот Иванов, според сооопштението од неговиот кабинет, на вчерашната средба со претседателот на Уставниот суд истакнал дека досега постапувал исклучиво во рамки на своите права, должности и надлежности, почитувајќи го Уставот на Република Македонија. Претседателот посочил дека и во однос на актуелната ситуација ќе постапува во согласност со уставните одредби и исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија.
На средбата која претседателто Иванов ја одржа во понеделникот со шефот на делегацијата на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар, станало збор за актуелната политичка ситуација во земјата и за ставот на ЕУ по ова прашање.
Консултациите со политичките партии кои се застапени во Собранието на Република Македонија, се на иницијатива на претседателот Иванов.
Законски предвиденот рок за составување на нова Влада истече на 29. јануари, откако претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов му го довери мандатот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, односно на партијата која на предвремените парламентарни избори одржани на 11. декември 2016. година освои најмногу гласови.
Политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ во предвидениот рок не успеаја да се договорат за формирање Влада, а претседателот на СДСМ на задвчерашната прес-конференција изјави дека од претседателот Иванов очекува да му го довери мандатот на него.