Halil İbrahim Başer
06 Април 2016•Ажурирај: 07 Април 2016
ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, во своето обраќање на присутните на 19-тиот Евроазиски економски самит во Истанбул истакна дека недостатокот на меѓународна соработка во решавањето на мигрантската криза може да доведе до пораст на криминалот во светот, јавува Anadolu Agency (AA).
Евроазискиот економски самит, 19-ти по ред, се одржува од 5-ти до 7-ми април во Истанбул. Денес се одржа свеченото отворање на тема: „Принудните миграции, проблемите на бегалците и тероризмот”.
Претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов, истакна дека се живее во време полно со проблеми и кризи и покрај постојаниот технолошки напредок во светот.
Истакнувајќи дека секој посакува да се изнајде решение за проблемот, Иванов рече:
„Присилната миграција последниве години нè засега сите нас. Со растот на бројот на мигранти се намалува стапката на нивното прифаќање од страна на ЕУ. Сведоци сме на тоа. Без соработка меѓу државите, кривичните дела ќе се зголемуват. Се зголемува и криминалот на трговија со луѓе. Потребна е реализација на заеднички проекти“, истакна Иванов.
Истакнувајќи дека бегалците и мигрантите не се само статистика, посочи дека кон нив треба да се има човечки однос што треба да биде наша обврска и дека истите имаат право на човечко достоинство и среќа.