Burcu Arik,Merve Aydoğan
24 Април 2018•Ажурирај: 24 Април 2018
АДИЈАМАН (AA) – Земјотрес со јачина од 5,1 степени по Рихтер го погоди утрово Самсат, во југоисточната турска област Адијаман, јавува Anadolu Agency (AA).
Канцеларијата на турската влада за вонредни ситуации (АФАД) соопшти дека земјотресот е регистриран во 3.34 часот по локално време во Самсат и дека епицентарот на земјотресот е забележан на длабочина од тлото од седум километри.
Непосредно пред заминување во официјална посета на Мадрид, премиерот на Република Турција Бинали Јилдирим утрово рече дека според првичните информации во земјотресот нема загинати лица.
Додаде дека на повеќе објекти настанала материјална штета и дека надлежните служби се веќе на терен.
Гувернерот Седат Сезик, за АА изјави дека најмалку 14 лица се повредени и згрижени во болниците.
Сезик рече дека земјотресот го почувствувале и граѓаните од соседните области Шанлиурфа, Газиантеп и Дијарбакир.
„Повеќе објекти се оштетени. На терен се спасувачките екипи и во наредните саати ќе имаме прецизна слика за последниците од земјотресот", рече Сезик.
По утринскиот земјотрес дојде и до уште осум помали потресувања на тлото во тој дел на Турција.