Hakan Ceyhan Aydoğan,Elena Teslova
18 Септември 2016•Ажурирај: 19 Септември 2016
МОСКВА (АА) - Започна процесот на гласање за избор на пратеници на Долниот дом на рускиот парламент - Думата, јавува Anadolu Agency (AA).
Изборите за избор на пратеници во руската Дума во сите региони започнаа во 08.00 часот по локално време, а избирачките места ќе бидат затворени во 20.00 часот.
Поради различните временски зони во Русија во источниот регион Камчатка гласањето започна во 23.00 часот.
Според податоците на Централната изборна комисија на Русија на ниво на државата право на глас имаат над 109.737.000 граѓани. Околу 2 милиони руски граѓани со право на глас којшто живеат надвор од земјата, ќе гласаат во 371 изборни места.
Граѓаните ќе избираат 450 пратеници од 14 политички партии кои учествуваат во изборите. На овие избори прв пат по 13 години од вкупните 450 пратеници, 225 ќе бидат независни кандидати.