Fatih Erel
09 Септември 2016•Ажурирај: 09 Септември 2016
ЖЕНЕВА (АА) – Министерот за надворешни работи на САД, Џон Кери, и министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, се сретнаа во Женева за да разговараат за кризата во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
По средбата на двајцата министри, која се одржа во хотелот „Президент Вилсон“ во Женева, се очекува изјава за медиумите. Лавров, кој вчера пристигна во Женева, оствари средба со специјалниот претставник на ОН за Сирија, Стафан Де Мистура.
Министерот за надворешни работи на САД во Женева пристигна денес. Во фокусот на средбата ќе бидат темите за намалување на насилството во Сирија, проширување на хуманитарната помош за населението во Сирија, како и наоѓање решение за прекин на внатрешната војна во Сирија.
На почетокот на оваа недела, двајцата министри се сретнаа на самитот Г-20 во Кина, каде што ја најавија повторната средба за 8-9 септември во Женева.
Од Министерството за надворешни работи на Русија, пак, беше јавено дека двајцата министри во последните два дена оствариле телефонски разговор, и дека ќе остварат средба во Женева.