Bekim Laci
20 Март 2018•Ажурирај: 21 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Владата на Република Македонија ја одржа 59. тематска седница каде заедно со младинските организации го разгледaа спроведувањето на младинските политики како и предлозите на младите кои се очекува да се спроведуваат во иднина, јавува Anadolu Agency (AA).
На прес-конференцијата одржана по седницата, премиерот на Р. Македонија, Зоран Заев, придружуван од страна на директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, претседателот на Националниот младински совет, Блаже Малевски и извршната директорка на Младинскиот образовен форум, Дона Костуранова, истакна дека тематската седница на Владата всушност претставува еден доказ за напорите за создавање едно модерно општество во кое младите ќе имаат суштинска улога, бидејќи, како што рече, оваа влада е посветена на тоа младинските политики да се планираат без нивно директно учество.
Премиерот Заев истакна дека наскоро ќе започнат јавните дискусии околу предлог-законот за младите, процес инициран од страна на Собранието на Р. Македонија, за што беа основани работни групи како што се гработна група за признавање на работата на младите, за координација меѓу младите и институциите, работни групи за сексуална едукација, за демократска организација во средните училишта и универзитетите, како и група за откривање на работни места за младите, и група за ресоцијализација на адолесцентите кои употребуваат дрога.
Сето ова, рече Заев, е за најдоброто учество на младите во општествениот живот.
„Во овој поглед, со повеќе од една милијарда денари (16,5 милиони евра), Владата на Република Македонија ги стимулира програмите и мерките за вработување на младите во 2018 година, со што ќе им овозможи вклучување на младите лица во различни обуки за стекнување знаења за побарувани занимања на пазарот на трудот“, рече Заев, истакнувајќи дека за подобрување на квалитетот на образованието се доделени над една милијарда денари, додека 80 милиони денари ќе бидат доделени за подобрување на условите во ученичките и студентските домови.
Во име на младинските организации зборуваше извршната директорка на Младинскиот образовен форум, Дона Костуранова, која рече дека е среќна поради фактот што младинските организации имале една ретка можност пред владата да ги изразат своите барања, укажувајќи на две од нив, односно на правото на учениците од средно образование и на студентите да учествуваат во одлуките што се однесуваат за нив.
„Средношколците веќе долго време се лишени од правата да се самоорганизираат и да учествуваат во самите училишта. Законите пропишуваат повеќе права за нивните родители отколку за самите ученици. Додека родителите може да учествуваат и да гласаат во совети, учениците немаат право да се појават во ниту еден од органите во училиштата“, нагласи Костуранова, и додаде дека тие бараат ова прашање да се регулира со закон.
Што се однесува до студентското прашање, рече Костуранова, договорено е на студентските избори да може да гласа секој студент, но и да се кандидира за претседател на Сојузот на студентите.