Ekipa
27 Март 2017•Ажурирај: 28 Март 2017
МОСКВА (АА) - Европската Унија ги повика руските власти да ги ослободат демонстрантите кои беа приведени за време на вчерашните масовни протести одржани во земјата, јавува Anadolu Agency (AA).
Руската опозиција вчера организираше масовни протести во земјата за да укаже на проблемите со корупција во Русија.
Полицијата уапси стотици демонстранти, меѓу кои и шефот на руската опозиција Алексеј Навални, кој е познат како најгласен критичар на корупцијата и на политиката на рускиот претседател Владимир Путин.
Канцеларијата на ЕУ задолжена за надворешна политика утринава ја повика официјална Москва да ги ослободи уапсените демонстранти и да ги почитува своите меѓународни обврски во обезбедувањето на основните човекови права.
„Акциите на руската полиција се извршени за да се спречи примената на основните слободи на изразување, здружување и мирно собирање, кои се фундаметални права содржани и во рускиот Устав”, се наведува во соопштението.