Ramazan Ercan
08 Април 2018•Ажурирај: 08 Април 2018
ДЕНИЗЛИ (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган рече дека Франција им помага на терористите и порача дека Западот ќе тоне додека ги храни терористите, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган престојуваше во градот Денизли, на западот на Турција, а во обраќањето на конгресот на Партијата на правдата и развојот (АК Парти) говореше за актуелните случувања. Во фокусот на претседателот Ердоган беше борбата против тероризмот.
„Според последните информации кои ги добив, во Африн се неутрализирани 4.000 терористи. Тука не ги вбројувам неутрализираните терористи на северот на Ирак. Ако ги додадеме и нив, цифрата се движи и до 4.200", рече Ердоган.
Турскиот претседател упати критики на сметка на Франција.
„Франција, им помагаш на терористите, им пружаш поддршка, а потоа ги угостуваш во Елисејската палатата. Затоа никогаш нема да можете да ги положите сметките, ниту некогаш ќе успеете да се решите од злото какво што е тероризмот. Видете, што прават терористите во Германија? Ќе се случи и во Франција. Додека ги храните терористите, Западот ќе тоне", порача турскиот претседател.
Претседателот Ердоган се осврна и на борбата против терористичката организација ФЕТО, при што истакна:
„Околу 80 милитанти на ФЕТО пронајдовме во различни земји, ги спакувавме и ги депортиравме во Турција. Ќе продолжиме. Каде и да бегаат и да се кријат, ние ќе им бидеме зад петиците. Тие ќе бегаат, ние ќе ги фаќаме. Без разлика дали се работи за ПКК или за ФЕТО. Ние сме решителни во нашата намера и ќе успееме оваа работа да ја доведеме до крај."