Sinan Uslu
28 Октомври 2017•Ажурирај: 28 Октомври 2017
АНКАРА (AA) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган во пораката по повод 29. октомври Ден на Републиката, порача дека неговата земја денес е надеж за сите угнетени и сите обесправени во светот, како и дека тоа е поради тоа е мета на терористичките организации, јавува Anadolu Agency (AA).
„Турскиот народ на 29. октомври 1923 година, со своите животи и крв уште еднаш на целиот свет му покажа дека никому нема да му дозволи да стави окови на неговата волја, како ниту дека никому нема да му дозволи мешање во неговата судбина", порача Ердоган.
Додаде дека неговата земја денеска е надеж за сите угнетени од светот.
„Денеска Турција е надеж за сите угнетени и сите жртви во светот. Тоа е главна причина што сме на мета на окрвавените терористички организации. На убијците како што се ДЕАШ, ПКК, ПЈД/ЈПГ и ФЕТО, не дозволивме ниту ќе дозволиме да не спречат во остварување на нашите цели. Со силна борба против пиуните и марионетите кои со насловни страни и сплеткарење се пуштаат на нас, ќе го продолжиме патот кон целите поставени за 2023 година", порача турскиот претседател Ердоган.