Ali Kemal Akan
09 Март 2018•Ажурирај: 10 Март 2018
АНКАРА (АА) - Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска во Анкара изјави дека во рамките на операцијата „Маслинова гранка" се неутрализира вкупно 3.171 терористи, јавува Anadolu Agency (AA).
„Неутрализирани се вкупно 3.171 терористи. Обезбедено е површината од околу 815 квадратни километри. Aфрин е опкружен и секој момент е можен влез во центарот на градот", рече Ердоган, најавувајќи ја операцијата и на подрачјето Мабиј која е окупирана од страна на терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Ердоган денеска во Анкара порача дека негирањето на развојот и промените значи лажење на самиот себе си, а единствените принципи кои никогаш не се менуваат се Божјите одредби.
„Се разбира дека постојат правила и принципи кои не се менуваат. На пример, непроменлив факт е дека Исламот е последна религија. Со тоа никој не може да игра", рече Ердоган, истакнувајќи ја важноста на развој на муслиманите во секој поглед.
Во врска со ова, турскиот претседател рече дека е невозможно да се стави настрана технолошкиот развој и другите можности со кои денес располага човештвото.