İlkay Güder
29 Септември 2018•Ажурирај: 30 Септември 2018
КЕЛН (АА) – Претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган денеска свечено ја отвори новоизградената џамија во германскиот град Келн, која е една од најголемите џамии во Европа, а притоа порача дека исламот е вера на мирот и дека за тероризмот нема место во исламот, јавува Anadolu Agency (AA).
Станува збор за Централната џамија во Келн која во изминатите осум години ја изгради Турската исламска заедница (ДИТИБ) и која има капацитет од 1.200 луѓе.
Ердоган на третиот ден од посетата на Германија присуствуваше на церемонијата на отворање на џамијата во Келн, а во текот на обраќањето на церемонијата истакна дека извршил плодна и успешна посета во критичен период.
„Сметам дека средбите во текот на двата дена дополнително го зајакнаа турско-германското пријателство кое има длабоки корени. Во текот на посетата на Германија порачав дека несогласувањата мораме да ги оставиме настрана и да се фокусираме на нашите заеднички интереси”, рече Ердоган и додаде дека нема да дозволи поради група симпатизери на ПКК и ФЕТО да се наруши турско-германското пријателство.
Зборувајќи за борбата против терористичките организации, Ердоган изнесе критики поради фактот што терористичките организации се нарекуваат „исламистички” и „џихадистички”.
„Терористичките организации кои највеќе штета до денес им нанесоа на муслиманите и пролеаа највеќе крв на муслиманите, повторно сакаат да им се наметнат на муслиманите преку термините исламисти и џихадисти”, рече Ердоган и додаде:
„Ислам е вера на мирот, за тероризмот нема место во исламот.”
Ердоган порача дека улиците дека улиците и плоштадите на европските метрополи веќе не смеат да се валкаат со крпите на терористичките организации.
Турскиот претседател за време на посетата на Келн повика на заеднички став против расизмот. Нагласи дека оваа џамија треба да биде симбол на постоење на турскиот народ во Германија.
„Ова место (ДИТИБ џамијата) треба да биде порака на оние кои се обидуваат да не прикажат како непријатели на Европа и кои се обидуваат да не маргинализираат. Оваа џамија треба да биде симбол на нашето постоење во оваа земја", порача Ердоган.
Турскиот претседател се осврна на фудбалерите по потекло од Турција, Месут Озил и Илкај Ѓундоган, за кои рече дека се отфрлени од германското општество поради заедничка фотографија со турскиот претседател.
„Месут Озил и Илкај (Ѓундоган) ... Поради нашата заедничка фотографија во Велика Британија беа отфрлувани од ова општество. Таквото отфлување на двете наши момчиња кои настапуваат во репрезентацијата на Германија, јас како претседател не можев да прифатам”, рече Ердоган.
На церемонијата на отворање на џамијата во Келн присуствуваше и претседателот на Управата за верски работи на Турција Али Ербас, бројни турски министри, функционери и гости.
По обраќањето џамијата е свечено отворена. Џамијата има вкупно девет влеза и на средина на куполата се наоѓаат месец и ѕвезда.
Ентериерот е доминантно е украсен со мотивите од период на Селџуците. Сместена во комплексот на вкупа површина од 17.000 квадратни метри во кој се наоѓаат и трговски центар, конференциска сала со капацитет од 600 лица, галерија за семинари и изложби, библиотека, деловни канцеларии и паркинг. Германија има втора муслиманска популација по големина во западниот дел од Европа.
Повеќе муслимани живеат само во Франција. Меѓу 4,7 милиони муслимани во Германија, повеќе од три милони од нив се со турско потекло.
Повеќето од нив се добро интегрирани и потомци се на турските семејства кои мигрирале во текот на шеесетите години од минатиот век.