Meryem Göktaş
02 Декември 2018•Ажурирај: 03 Декември 2018
БУЕНОС АИРЕС (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган се состана со осум шефови на држави и влади на маргините на дводневниот Самит на Г20, пишува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, на Самитот Г20 во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес, присуствуваше вчера и завчера.
Во текот на вчерашниот ден тој се состана со неговиот американски колега Доналд Трамп зад затворени врати, а средбата траеше 50 минути.
Во петокот Ердоган имаше и краток разговор со Трамп.
Турскиот претседател одржа средба зад затворени врати и со рускиот претседател Владимир Путин, а се сретна и со јапонскиот министер Шинзо Абе.
На првиот ден од Самитот, Ердоган одржа состанок и со холандскиот премиер Марк Руте кој траеше речиси еден час.
Покрај состанокот со Руте, Ердоган разговараше и со кинескиот претседател Си Ѓинпинг.
Тој се сретна и со британската премиерка Тереза Меј, како и со претседателот на Чиле, Себастијан Пинера.
Тускиот претседател, во рамките на Самитот присуствуваше и на културен настан заедно со останатите светски лидери во театарот „Колон“ во Буенос Аирес, каде што беше организирана и пригодна вечера.