İlkay Guder,Mümin Altaş
22 Септември 2017•Ажурирај: 22 Септември 2017
ЊУЈОРК (AA) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и американскиот претседател Доналд Трамп се состанаа во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, кој се наоѓа во Њујорк во повод 72. заседание на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН) разговараше со американскиот претседател Трамп во хотелот „Lotte New York Palace".
Состанокот на двајцата челници зад затворени врати траеше речиси еден час.
На состанокот присуствуваа и началник на Генералштабот на вооружените сили на Турција, генерал Хулуси Акар, министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, турскиот министер за енергетика и природни ресурси Берат Албајрак, амбасадорот на Турција во САД Сердар Килич, шефот на разузнавачката служба Хакан Фидан, постојаниот претставник на Турција при ОН, Фердиун Синирлиоглу и гласноговорникот на претседателот на Турција Ибрахим Калин.
Ердоган и Трамп пред состанокот кратко им се обратија на новинарите.