Murat Paksoy
29 Мај 2018•Ажурирај: 29 Мај 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин имаа телефонски разговор во кој станало збор за Сирија, но, исто така, и за економските односи меѓу двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Извори од Кабинетот на турскиот претседател истакнаа дека двајцата лидери во денешниот разговор укажале на важноста од достигнувањата реализирани со механизмот во Астана, со цел отворање на патот за политичко решение во Сирија.
Сметаат дека режимот и опозицијата треба конструктивно да делуваат, со цел процесот во рамките на Обединетите нации (ОН) да забележи напредок на здрав начин.
Во текот на разговорот укажано е и на значењето на територијалната целост на Сирија.
Ердоган притоа укажал дека во политичкиот процес во Сирија не треба да се даде простор на ПЈД/ПКК и на групите со кои управува споменатата терористичка организација. Двајцата лидери истакнаа дека Сирија не смее да стане подрачје на судири меѓу Иран и Израел.
Претседателите изразија и задоволство од напредокот постигнат во проектите со нуклеарната централа „Аккују“ и гасоводот „Турски тек“.