Dejan Maksimoviç
23 Март 2016•Ажурирај: 24 Март 2016
АНКАРА (AA) - Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Турција, рече дека неговата земја, едниот од напаѓачите во Брисел, го уапсила во Газиантеп 2015 година, како странски милитант и го депортирала во Белгија, јавува Anadolu Agency (AA).
Ердоган, во средата, во текот на заедничката прес-конференција со романскиот претседател Клаус Иоханис, додаде дека белгиските власти го пуштиле на слобода, и покрај предупредувањето на Турција дека се работи за "странски милитант".
Турскиот претседател не го именуваше напаѓачот. Рече дека е маж приведен во јуни 2015 година на границата на Турција со Сирија во Газиантеп, како и дека потоа Турција службено ја известила Белгија за неговата депортација на 14 јули.
"И покрај нашето предупредување дека се работи за странски терористички борец, Белгија не успеала да воспостави никаква негова врска со тероризмот", рече Ердоган.
Ердоган додаде дека и дека е уверен дека светот мора да се обедини во борбата со тероризмот, како и дека само така тој проблем може да се реши. Исто така, нагласи дека за тоа е потребно повторно да се дефинира теророт, терористите и тероризмот.