Ekipa
03 Јануари 2019•Ажурирај: 03 Јануари 2019
АНКАРА (АА) - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, со свечена церемонија го пречека ирачкиот претседател Берхем Салих, јавува Anadolu Agency (AA).
Церемонијата, која се одржа во претседателската палата во Анкара, започна со интонирање на химните на двете земји.

Ирачкиот претседател Салих, на церемонијата на која беа поставени знамињата кои ги претставуваат 16-те турски држави, ја поздрави гардата, како и војниците облечени во костими од тие периоди.
По поздравувањето на делегациите на двете земји, Ердоган и Салих се фотографираа пред знамињата на Турција и Ирак.
По тет-а-тет и меѓуделегациската средба, двајцата претседатели ќе одржат заедничка прес-конференција.
На церемонијата беа присутни турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу; министерот за национална одбрана, Хулуси Акар; министерката за трговија, Рухсар Пекџан; министерот за земјоделство и шумарство, Бекир Пакдемирли; претседателскиот портпарол Ибрахим Калин; претседателот на Дирекцијата за комуникација при турското Претседателство, Фахретин Алтун; претседателот на Дирекцијата за одбранбена индустрија при турското Претседателство, Исмаил Демир; гувернерот на Анкара, Васип Шахин, како и други претставници.