Özcan Yıldırım
21 Декември 2017•Ажурирај: 22 Декември 2017
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, го поздрави усвојувањето на нацрт-резолуцијата за Кудс на Генералното собрание на ОН, и ги повика САД веднаш да ја отповикаат одлуката за Кудс, јавува Anadolu Agency (AA).
„Изразуваме задоволство поради прифаќањето на нацртот на резолуција за Кудс со големо мнозинство на гласови“, наведе Ердоган во порака на Твитер.
„Од администрацијата на Трамп очекуваме што побрзо да ја оповикаат својата одлука за Кудс, откако на Генералното собрание на ОН најјасно на виделина излезе нејзината нелегитимност. Во свое лично и во името на својот народ им се заблагодарувам на сите кои дадоа поддршка на Палестина и Кудс“, напиша Ердоган.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим исто така изјави дека резолуцијата на ОН за Кудс е нова можност за мировните напори во регионот.
Нацрт-резолуцијата, кој ја критикува одлуката на Трамп за Кудс, прифатена е на заседанието на Генералното собрание на ОН (ГСОН) со 128 гласови за, додека против беа 9 земји.
Против нацрт-резолуцијата за Кудс гласаа САД, Израел, Гватемала, Хондурас, Маршалските Острови, Микронезија, Науру, Того и Палау, додека 35 земји беа воздржани.
Со ова земјите-членки, и покрај заканите на САД, силно ја осудија одлуката на Трамп за Кудс.
Во споменатата резолуција се наведува дека е неважечка секоја одлука и акција која ќе го измени статусот, карактерот и демографскиот статус на Кудс.