Ekipa
14 Март 2017•Ажурирај: 15 Март 2017
БРИСЕЛ (АА) - Европскиот суд на правдата денес донесе одлука со која на работодавачите им се одобрува да забранат носење на верски, политички и филозофски обележја на работните места, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот со седиште во Луксембург на тој начин им овозможи на работодавачите со интерни правила на фирмите да го одредуваат кодексот на облекување. Во пресудата се наведува дека забраната за носење видливи верски, политички и филозофски симболи не претставува никаква дискриминација.
Со оваа одлука, работодавачите можат да забранат носење на шамија и хиџаб, а целата постапка пред судот е започната по два контроверзни случаја на отпуштање на работнички кои носеле хиџаб, во две компании во Франција и во Белгија.
Истовремено, ова е и прва пресуда на Европскиот суд на правдата којашто директно го третира прашањето за носење хиџаб на работното место.