Kemal Karadağ
05 Октомври 2017•Ажурирај: 05 Октомври 2017
АНКАРА (АА) - Европскиот суд за човекови права (ECHR) го одби барањето за започнување на постапката на компанијата „Feza“, која е поврзана со терористичката организација ФЕТО, во врска со неиздавањето акредитации на новинарите на весникот „Zaman“ во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Според информациите до кои дојде АА, компанијата „Feza“ упати жалба до Европскиот суд за човекови права – поради неиздавањето акредитации за новинарите на весникот „Zaman“ во 2014 година, за следење на програмата што ја организираше Канцеларијата на претседателот на Република Турција.
Судот разгледа дали се искористени сите внатрешни правни патишта кога е во прашање оваа жалба, и упатено е барање до Министерството за правда на Турција. Во објаснувањето од Министерството за правда на Република Турција се наведува дека се работи за процес за којшто не одлучува лично претседателот на Турција, туку се работи за овластувања на генералниот секретар.
Исто така, нагласено е дека жалбата е упатена до Европскиот суд за човекови права пред да бидат искористени сите внатрешни правни патишта, и оти компанијата којашто ја упати жалбата со тоа не ги приложила потребните информации и документи, односно жалбата е незаснована.
Од турското министерство, исто така, се нагласува дека поголемиот дел од барањата за акредитација се одобруваат, а со приложени текстови на новинарите од весникот „Zaman“, порачано е дека немало нарушување на слободата на говорот.
Европскиот суд ѝ даде рок на компанијата до 4 јануари 2017 година да се изјасни во врска со одговорите од Министерството за правда, но со оглед на тоа што тоа не се случи, нивното барање е одбиено.