Hatice Özdemir
10 Февруари 2016•Ажурирај: 11 Февруари 2016
ДЕН ХАГ (AA) – Турскиот премиер Ахмет Давутоглу остро ја критикуваше пасивноста на Обединетите нации кон стравичните руски воздушни напади во Сирија и порача дека границите, срцата и вратите на Турција се отворени за сите загрозени сириски бегалци", јавува Anadolu Agency (AA).
Во рамките на посетата на Холандија, Давутоглу се состана со неговиот холандски колега Марко Руте, а по состанокот одржаа заедничка прес-конференција.
„Нашите срца и граници се отворени за Сиријците, но морам да истакнам дека во некои кругови, кои не ни трепнале да помогнат во решавањето на сириската криза, вклучувајќи го и Советот за безбедност на ОН, не можат да и кажат на Русија да запре со воздушните удари кои предизвикуваат нови бранови на бегалци. Тие кругови кои не можат да и речат на Русија да запре се свртуваат кон Турција и не советуваат да ги отвориме границите, а тоа го сметам за дволичност", рече Давутоглу.
Истакнувајќи дека Турција не побарала совети од никого кога примила 2,6 милиони сириски бегалци и дека ниту сега не бара совету во моменти кога со сите расположливи средства се труди да помогне 60.000 нови бегалци кои дошле на нејзината граница, Давутоглу рече дека и понатаму Турција ќе прима бегалци, но дека и е приоритет Сиријците да останат во Сирија и таму да им се помогне и да им се направат кампови.
„Три милијарди евра кои се спомнуваат во турско-европскиот акционен план никако не се помош од Европската унија на Турција, туку како помош на сириските бегалци. Турција не е земја која е толку застранета во својата совест за да тргува со сириските бегалци. Никогаш не тргувавме, ниту ќе тргуваме со бегалците со било кој", порача Давутоглу.
Осврнувајќи се на ставот на некои западни сојузници за тоа дека курдските групи се "доверливи партнери" во решавањето на сириската криза, Давутоглу рече дека сите оние кои не знаат дека групите ПЈД и ЈПГ се терористички организации не ја знаат ни реалноста на Блискиот исток.
„Доколку некој рече дека ПКК е терористичка организација, а дека тоа не е и ЈПГ, и покрај сите разузнавачки информации, ние тогаш мораме да ја преиспитаме нивната искреност" заклучи Давутоглу.