Enes Kaplan
15 Јануари 2016•Ажурирај: 16 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Премиерот на Република Турција Ахмет Давутоглу, го прими денес во Анкара генералниот директор и претседател на Управниот одбор на Anadolu Agency (AA), Шенол Казанџи.
Казанџи го информираше Давутоглу за работата на АА, агенција која во моментот емитува вести на десет јазици.
Во рамките на Визијата по повод 100-годишнината од основањето на новинската агенција целта е тој број до 2023 година да се зголеми на 11 јазици.
Сервисот на босански, српски и хрватски јазик на АА започна со емитување на 11 март, 2012 година, а неодамна започнаа со емитување и сервисите на албански и на македонски јазик.