Bekim Laci
26 Декември 2017•Ажурирај: 27 Декември 2017
СКОПЈЕ (АА) - Град Скопје ги додели традиционалните награди на најдобар полицаец, пожарникар и крводарител, оценети како најуспешни во нивната област на територијата на Град Скопје за 2017 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Наградата за најдобар пожарникар ја доби Џеват Ибрахими, командант на пожарникарната единица во Скопје, за најдобар полицаец беше прогласен Зоран Павловски од сообраќајната полиција, додека за најдобар крводарител за 2017 година беше прогласен Зоран Стоименов, кој е активен крводарител од 1988 година, со 103 подарувања.
Наградите на најуспешните им беа доделени од заменикот градоначалник на Град Скопје, Енвер Малиќи, кој во своето обраќање истакна дека хуманизмот е највисоката општествена вредност, дел од човечката етика, додека Скопје како град на хуманизмот, според него, ја култивира солидарноста мотивирајќи ги лицата кои дале придонес во промовирањето на оваа човекова вредност.
„Се надевам дека овие награди, освен мотивирањето, позитивно ќе влијаат во околината каде што живеете и работите“, рече Малиќи, обраќајќи им се на лицата кои добија награди.
Пожарникарот Џеват Ибрахими е пофален за неговата работа за време на спасувањето на животот на еден пар, кој со својот автомобил паднал во длабока бездна на планината Водно, додека полицаецот Зоран Павловски е пофален за неговата итна реакција за време на протестите организрани во Скопје, поради кои бремена жена беше заглавена во автомобил.
Сообраќајниот полицаец Павловски ги отворил патиштата со неговото службено возило пренесувајќи ја бремената жена до болница, каде таа со успех се породила.