Nazlı Yüzbaşıoğlu
16 Октомври 2018•Ажурирај: 17 Октомври 2018
АНКАРА (АА) - Главниот конзул на Саудиска Арабија во Истанбул, Мухамед ел Утејби, ја напушти Турција, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според информациите добиние од надлежните, саудискиот главен конзул во Истанбул, Утејби, во 17.00 часот по локално време со авион тргна кон својата земја.
Се предвидува спроведување истрага во резиденцијата на саудискиот главен конзул во Истанбул во врска со случајот на исчезнувањето на саудискиот новинар Џамал Кашоги.