Ekipa
18 Септември 2017•Ажурирај: 19 Септември 2017
АНКАРА (АА) - Германскиот амбасадор во Анкара, Мартин Ердман, е повикан на разговор во турското Министерство за надворешни работи, јавува Anadolu Agency (AA).
Дипломатските извори потврдија дека амбасадорот Ердман е повикан во министерството, но не е дадена информација околу причините за тоа.
Според овие извори, повикувањето на разговор на Ердман е планирано од преходно, но поради тоа што амбасадорот бил надвор од Анкара, средбата се одржала денеска.
Ердман беше повикан во министерството поради организирањето на „Курдскиот фестивал“ на 16 септември, во германскиот град Келн, од страна на поддржувачи на терористичката организација ПКК. Министерството го осуди организирањето на таквата активност, и тоа што било дозволено да се спроведе терористичка пропаганда.
Извори од министерството велат дека коинциденција е тоа што германскиот министер по вторпат за толку краток период е повикан во турското Министерството за надворешни работи.