Hale Türkeş
11 Јуни 2016•Ажурирај: 12 Јуни 2016
АНКАРА (AA) - Најмалку 31 терорист на ДАЕШ е убиен во петок во северна Сирија во акција на турските вооружени сили и коалицијата за борба против терористичката организација ДАЕШ која ја предводат САД, јавува Anadolu Agency (AA).
Мета на акцијата беа складиштата на оружје, рампите за лансирање на ракети Катјуша и минофрлачи, а најмалку 33 мети под контрола на ДАЕШ се погодени.
Коалицијата предводена од САД изведе девет воздушни напади на положбите на ДАЕШ, пет во Јака и четири во регионот Доудјан, рече извор за АА, додавајќи дека во заедничката акција е убиен најмалку 31 терорист на ДАЕШ.
Во воздушните удари уништени се шест офанзивни положби на ДАЕШ, пет камиони со рампи за лансирање на ракети и три минофрлачи.