Rahmi Gündüz
04 Мај 2016•Ажурирано: 05 Мај 2016
ПАРИЗ (АА) - Потпаролот на француската влада, Стефан де Фол соопшти дека во понеделник министрите за надворешни работи на Франција, Турција, Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати во понеделник ќе се сретнат во Париз да разговараат за Сирија, јавува Anadolu Agency.
Портпаролот де Фол истакна дека прекршувањето на договорот за прекин на огнот, зголемениот интезитет на напади врз цивили во Алепо и одлагањето на преговорите се причина за оваа средба.
„За продолжување на преговорите потребно е да се поддржат сите иницијативи во земјата“, соопшти Фол, додавајќи дека одговорни лица за Сирија од Германија, Англија и Франција ќе се сретнат кон крајот на идната недела да ги разгледаат и останатите битни прашања.
На средбите во Женева минатиот месец за изнаоѓање на политичко решение за Сирија, посредуваше специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура, но во беа прекинати без изнаоѓање решение.
Опозицијата истакна дека е невозможно продолжување на преговорите сѐ додека режимот на Сирија го прекршува прекинот на огнот.