Besar Ademi
13 Мај 2016•Ажурирај: 14 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Директорот на Бирото за регионален развој Џемаил Еламзи и претставниците на осумте плнаски региони денес потпишаа договори за реализација на проекти за подобрување на условите за живот, јавува Anadolu Agency (AA).
Спроведување на проектите за развој на планските региони се финансира од Буџетот на Република Македонија преку Програмата за рамномерен регионален развој на Министерството за локална самоуправа и Бирото за регионален развој во вредност од 180 милиони денари.
На потпишувањето на договорите присуствуваа вицепремиерот Владимир Пешевски, кој е претседавач на Советот за рамномерен регионален развој, и министерката за локална самоуправа Ширет Елези.
Министерката Елези потенцира дека за годинашниот буџет, кој е двојно поголем од претходната година, биле пристигнати 38 предлози, а се прифатени 26 проекти. Ќе се финансираат три во Скопскиот, три во Југоисточниот, два во Источниот, пет во Пелагонискиот, четири во Полошкиот, два во Југозападниот, четири во Вардарскиот и три во Североисточниот регион. Најмногу средства, како што е утврдено според степенот на развиеност, ќе добие најмалку развиениот Североисточниот регион 31 милион денари, а најмалку во Скопскиот, како најразвиен 13 милиони денари. Вардарскиот добива 26 милиони, Југозападниот и Полошкиот по 23, Пелагонискиот 21, Источниот и Југоисточниот по 20 милиони.
Вицепремиерот Пешевски, денешното потпишување на договорите е чекор напред кон рамномерниот регионален развој и подобрување на условите за живот на граѓаните во сите региони во Република Македонија.
Најголем дел од проектите во областа на инфраструктурата, како и во областа на животната средина и техничка документација. Дваесет и четири проекти се инфраструктурни, еден е планско управување со отпад, еден проект на подобрување на условите за туризам.