Burcu Arik
14 Јуни 2018•Ажурирај: 14 Јуни 2018
ИСТАНБУЛ (АА) - Судот во Истанбул денес притвори 20 осомничени припадници на ФЕТО како дел од истрагата во врска со терористичката организација, јавува Anadolu Agency (AA).
„Меѓу осомничените се наоѓаат војници и таканаречени имами на организацијата“, соопштија судски извори кои сакаа да останат анонимни.
Други 11 осомничени лица во случајот се ослободени.
„Осомничените се обвинети дека се поврзани со вооружената терористичка организација“, додаде изворот.
ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во САД, стојат зад неуспешниот обид за државен удар на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
Терористичката организација ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на властите преку инфилтрирање во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.