Halil Demir
15 Јуни 2016•Ажурирај: 15 Јуни 2016
ИСТАНБУЛ (AA) – Во вооружен напад на криминална група во истанбуслкиот кварт Арнавуткој ранети се двајца припадници на полицијата, меѓу кои е и директорот на полициската станица во таа истанбулска населба, јавува Anadolu Agency (AA).
До нападот на вооружената група дојде во текот на обидот на полициската патрола од слобода да лиши едно машко лице кое се сомничи за криумчарење со дрога.
Неименуван полициски функционер за АА рече дека полициската патрола во истанбулскиот парк „Мухтар Ахмет Енсар“ го пребара осомниченото лице кое беше под присмотра поради сомневање дека продава наркотици. Лицето се спротиставуваше на полицијата при обидот за приведување, а потоа група вооруени напаѓачи отвори оган на полицијата.
Двајцата ранети полицајци се префрлени во болницаа, а операцијата на фаќање на напаѓачите е во тек.
На местото на нападот стасаа и екипите на специјална полиција кои ги евакуираа цивилите и ги блокриаа влезовите кон паркот.
Во полициската акција се вклучени и хеликоптерски патроли кои помагаат во потрагата по напаѓачите.