Турција

Во 2018 година турските сили неутрализираа 73 барани терористи на ПКК

Според податоците на турските безбедносни сили во врска со операциите за борба против тероризмот, спроведени од 1 јануари до 17 ноември, меѓу неутрализираните 73 терористи, 13 се од највисоката, црвена категорија од листата на најбарани

Seyit Ahmet Aytaç  | 18.11.2018 - Обновена : 19.11.2018
Во 2018 година турските сили неутрализираа 73 барани терористи на ПКК

Ankara

АНКАРА (АА) - Во текот на 2018 година, турските безбедносни сили неутрализираа 73 високи терористи на ЈПГ/ПКК/КЏК, во операции во земјата и странство, според анализата на официјалните податоци од страна на Anadolu Agency (АА).

Според податоците на турските безбедносни сили во врска со операциите за борба против тероризмот, спроведени од 1 јануари до 17 ноември, меѓу неутрализираните 73 терористи, 13 се од највисоката, црвена категорија од листата на најбарани од турското Министерство за внатрешни работи.

Во одредениот редослед, според приоритетот на листата на најбарани лица, од другите неутрализирани терористи петмина се во сината категорија, шест во зелената, осум во портокаловата и 41 во сивата категорија.

Паричната награда која се нудеше за овие терористи, изнесуваше вкупно 15 милиони долари.

На 28 јуни, Сефер Ачар, со кодното име „Велат Гевер“, неутрализиран е за време на операција во источната турска област Битлис.

Ачар, кој е на црвената листа најбарани, изврши терористички напад врз припадници на турската жандармерија за време на операција во северен Ирак пред две децении. Во нападот во 1998 година, беше соборен хеликоптер „Сикорски“, при што загинаа 15 војници.

На 15 август, високиот припадник на ПКК/КЏК во северната ирачка покраина Синџар, Исмаил Озден, со кодното име „Мам Зеки Шенгали“, беше неутрализиран во заедничка операција на Турските вооружени сили и турската Национална разузнавачка служба (МИТ).

Озден (66) е првиот неутрализиран терорист на ПКК/КЏК од најбараната црвена листа од страна на Турција во операција во странство.

Ибрахим Чобан, со кодното име „Атакан Махир“, од црвената листа на барани, беше меѓу првите терористи на ПКК во подрачјето на Дерсим во последните 25 години. Тој беше убиен на 11 август во источната турска област Тунџели.

Бариш Онер, со кодното име „Турк Тарик“, терорист од црвената листа, неутрализиран е на 19 август.

Онер изврши неколку терористички напади во 2016 и 2018 година во црноморската турска област Гиресун. Во 2016 година тој уби наредник и го нападна објектот на жандармеријата во Гиресун со ракетен фрлач. На 9 јули, Онер уби друг наредник во руралното подрачје на Гиресун.

На 15 јули, Мехмет Јакишир, со кодното име „Зејнел“, висок терорист на ПКК во регионот на Црното Море, беше, исто така, неутрализиран.

Јакишир, кој беше на црвената листа на најбарани лица на Турција, го уби 15-годишниот Ерен Булбул минатиот август во турската област Трабзон.

Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, одговорна е за смртта на речсии 40.000 лица, меѓу кои жени и деца.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.