Emre Gürkan Abay
16 Мај 2016•Ажурирај: 17 Мај 2016
МОСКВА (АА) - Владата на Русија има за цел со намалување на платите во државниот и приватниот сектор, да ги зголеми инвестициите. Руските експерти истакнуваат дека ваквиот чекор на владата само ќе ја продолжи кризата во државата и економијата наместо добивка, ќе доживее уште поголеми загуби, јавува Anadolu Agency (AA).
Според предлогот на руското министерство за економски развој, се очекува намалувањето на платите од годинава до 2019 година да доведе до зголемување на бруто националниот производ за 4,5 отсто на крајот од 2019 година.
Според предлогот, годинава реалните приходи би се намалиле за 2,8 отсто, додека следната за 0,3 отсто. Пензиите годинава би имале намалување од 4,8 отсто, додека во 2017 година намалувањето се планира да изнесува 2 отсто.
Со спроведување на предлогот, стапката на сиромаштија во Русија годинава би требало да биде 13,7 отсто, додека за 2018 година се предвидува стапката на сиромаштија да го достигне највискокото ниво од 13,9 отсто.
-„Ќе има сериозно спротивставување на предлогот" -
Професорот по економија Константин Коришченко од Академијата за национална економија, која соработува со руската влада, во разговорот со дописникот на АА, изјави дека владата намалувајќи ги трошоците во општествената потрошувачка, има за цел да ја заживее економијата со инвестиции во јавниот и приватниот сектор.
- „Намалувањето на приходите не е добра стратегија“ -
Доцент д-р Антон Табакх од Високата школа за економија во Москва, изјави дека намалувањето на приходите на народот не е добра и безбедна стратегија.
Олег Шибанов, предавач на Одделот за финансии при Универзитетот Нова Економија во Москва, истакна дека намалувањето на приходите заради зголемување на инвестициите ќе предизвика загуби во потрошувчката, што ќе доведе до зголемување на социјалниот стрес. Тој смета дека оваа стратегија, од политички аспект, нема да создаде порелаксирачка атмосфера во Русија.