Admir Fazlagic
19 Мај 2016•Ажурирај: 20 Мај 2016
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска го прими Јоханес Хајднл, специјалниот пратеник на сојузниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штаjнмаер за Македонија, јавува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението од Кабинетот на Вељановски, на средбата соговорниците размениле мислења во насока на што поскоро решавање на сите пречки што стојат на патот за излез од политичката криза во земјата.
„Соговорниците се согласиле дека сите политички субјекти треба да го тргнат личниот интерес на страна и да го стават во преден план интересот на државата за доброто на граѓаните. Исто така беше нагласена и потребата за итно превземање на решителни чекори за реализирање на забелешките во Извештајот на Прибе со цел земјата да се врати на патот на евроатланските интеграции", стои во соопштението.
Се додава дека двајцата соговорници се согласни дека парламентот е место каде што треба да се спротистават ставовите и интересите на партиите, клучно место во насока на исполнување на реформскиот процес за остварување на примарната цел, членството во Европската Унија и Нато Алијансата.