Ekipa
01 Април 2018•Ажурирај: 02 Април 2018
ХАТАЈ (АА) - Бебето Керим, симболот на отпорот и страдањето на цивилите во Источна Гута, Сирија, е евакуиранo во Турција, јавува Anadolu Agency (AA).
Малиот Керим беше тешко ранет и остана без око во напад на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а денес, заедно со своето семејство е евакуиран од Источна Гута во Идлиб, кој е под контрола на сириската опозиција.
Генералниот директор на Турската црвена полумесечина, Керим Киник, се сретна во Идлиб со малиот Керим, неговите две сестри и неговиот татко Ебу Мухамед.

Тимовите на Црвената полумесечина потоа го префрлија семејството на Керим во Турција.
Малиот Керим беше ранет во рацете на мајка си, во артилериски напад од страна на силите на Асадовиот режим, и стана симбол на отпорот на цивилите на таа енклава откако АА ја објави приказната за неговата судбина.