Sefa Karacan
26 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
МОСКВА (АА) - СЕФА КАРАЏАН - Руските бабушки, традиционални руски дрвени кукли дизајнирани во 19 век во Русија, за ментален развој на децата, станаа симбол на оваа земја.
Овие традиционални дрвени кукли, коишто се состојат од осум кукли, од најголема до најмала, кои се вклопуваат една во друга, дизајнирани се од страна на рускиот уметник Сергеј Малјутин во 1890 година, а изработени од страна на уметникот за дрворез, Василиј Звоздочкин. Своето име го добиле од една тогашна популарна жена, „Матријона“.
Дрвените кукли до почетокот на 20. век биле користени во училиштата за ментален развој на децата, за учење на боите, димензиите и поимот семејство.
Куклите за првпат биле изложени на еден меѓународен саем во 1904 година во Париз, и оттогаш се познати во целиот свет како „Матрушка“.
За краток период овие бабушки станаа симбол на Русија, а во Турција се донесени по распадот на Советскиот Сојуз. Куклите станале познати благодарение на жителите на земјите-членки на Заедницата на Независни Држави, а во Турција за кратко време станаа баран увозен производ по развојот на трговските односи меѓу Русија и Турција.
- За изработка се претпочита дрво од липа -
Претседателката на одделот за дизајн при Институтот за ликовна уметност, Дарија Баранова, пренесе дека бабушките најпрвин биле рачно изработени во градските работилници во Москва, во 20 век.
Баранова вели дека треба внимателно да се одбере дрвото од коешто ќе биде изработена бабушката, и оти најчесто се претпочита дрво од липа. Таа истакна дека дрвото се става во машина за обликување дрво, а потоа се префрла во одделот за фарбање и дизајн.
Елена Каленова, професор во Првиот факултет за ракотворби во Москва, нагласи дека производите донесени од фабриката најпрвин се сушат, а потоа започнува фазата на фарбање и цртање.
Каленова раскажа дека најпрвин се црта лицето на куклата, потоа облеката и другите детали. Таа додаде дека повеќе се користат боите како црвена, сина, кафеава и бела. Каленова вели дека на крајот, со лакирањето на бабушката завршува процесот на нејзиното производство.
Големината на бабушките е од еден до 13 сантиметри. Цената на бабушките почнува од 10 рубљи (околу 1,5 долари), а во зависност од бојата, цртежот, големината или фигурите, цената може да достигне до 58.000 рубљи (околу 1.000 долари).